Македонија 10. април 2020. / 10:51

Земени се брисеви од 30 притвореници во затворот „Шутка“

Земени се брисеви од 30 притвореници во затворот „Шутка“

По сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници, соопшти Министерството за здравство.

-Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението, велат од Министерството за здравство.

За овој случај, како што се наведува во соопштението, извести вчера министерот за здравство Венко Филипче на редовна прес-конференција, по информациите од Истражниот затвор во Шутка за починат притвореник како последица на срцев удар, кој престојувал во оваа институција од 8 март, а за време на престојот немал симптоми на коронавирус.