Македонија 09. март 2020. / 13:36

Железници ги дезинфицираат возовите за заштита од Ковид-19

Железници ги дезинфицираат возовите за заштита од Ковид-19

Се дезинфицираат патничките возовите што се во оптек, како превенција од ширење на вирусот Ковид-19.

Специјализиран тим, како што соопштуваат од Железници на Република С. Македонија Транспорт АД – Скопје, дезинфекцијата ја извршил денеска на четири гарнитури и четири вагони што превезуваат патници на различни релации.

 

-Железници на Република С. Македонија Транспорт АД-Скопје, како општествено одговорна компанија, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како Корона вирус, откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, информираат од претпријатието.

Акцијата е започната денеска за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, а по потреба ќе се спроведе повторно.