Македонија 16. мај 2019. / 10:07

Зеколи за новите „бомби”: Сите прашања водат до Заев

Зеколи за новите „бомби”: Сите прашања водат до Заев

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи поставува неколку прашања во врска со „бомбите” меѓу кои и последната објавена за пратеникот Павле Богоевски која покрена лавина коментари.

– Скандалот Павле и негови џанки-адвокати е помалку битен момент. Ре-легализацијата на бомбите во јавноста е клучната тема. Како доаѓаат до јавноста? Кој ги чувал? Нели сите биле дадени на ЗЗ т.е. СЈО? Кој ги давал наоколу? Сите прашања водат до Заев. – смета Зеколи.

Инаку, снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. Тој на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

– За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно. – напиша Богоевски на Фејсбук.

Вчера беше снимен како излегува од полиција, а за Телма изјави дека ќе направи сѐ што ќе побара од него полицијата, ако е потребно и тестирање за дрога.