Политичкиот аналитичар, Арсим Зеколи, на својот твитер профил испрати саркастична порака до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со прашањето кога е топниот датум кога ќе почнат преговорите за членство во Европската Унија.
Зеколи му порачува на Заев, дека прашува за датумот за да може прв да му испрати честитки.
Сакам да бидам меѓу првите кои ќе му честитаат на Заев за почетокот на преговори со ЕУ. И сакам тоа да го направам како еден од многумина на денот кога ќе почнат.
Така да, Господине Друже Заев, кажи ни на кој датум почнуваат преговорите за да бидеме таму да ти честитаме.
— 教育 (@ArsZek) March 25, 2020
Ваквата реакција на Зеколи, доаѓа по вчерашното известување дека Европскиот Совет донел одлука дека Македонија ќе почне преговори, но без притоа да добие конкретен датум. А, дека нема датум за почетокот на преговорите на Македонија потврдија и од Европската Комисија.