Македонија 17. октомври 2018. / 21:05

Зеќири: Во петок ќе знаеме дали има двотретинско мнозинство

Зеќири: Во петок ќе знаеме дали има двотретинско мнозинство

„Во петок ќе знаеме дали има двотретинско мнозинство“, кажа Зеќири во Топ Тема на Ваша Страна.

Зеќири го праша соговорникот Јанушев како би влегле во НАТО и ЕУ ако не го поддржиме Договорот? Тој додаде дека кој друг би имал легитимитет освен Собранието да го менува Уставот? „Ги почитуваме законите, референдумот беше консултативен“.

„Доколку не успее во Собрание, одиме на избори. Тоа се опциите кои се пред нас, нема трета“.

Зеќири му се обрати на Јанушев дека целиот свет гледа во ВМРО-ДПМНЕ и бара одговорност од нив. „Не можете да излезете од матрицата на Груевски и Мијалков, вие станавте дури и потврди од нив“, кажа Зеќири.

„Со носење на оваа одлука, за неколку години ќе не сметаат за херои, а не за предавници“.