Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 потврди дека средба помеѓу Вице Заев, адвокат близок до Зоран Заев и Зоран Милески Кичеец, навистина се случила,
Вчерашниот случај со случајот „Рекет“ е добар доказ да покажеме дека не сме сите исти. Беа прикажани ПИ-мерки беше споменато дека еден од осомничените за случајот „Рекет“ седел со братот на премиерот и со адвокат близок до премиерот во некој кафич во Скопје. Зарем тоа не е доволен доказ дека власта не интервенирала – рече Зекири.