Валдет Зекај од Косово, осуден на доживотен затвор за Диво насеље, на последното рочиште во судницата беше најгласен, кажуваше погрдни зборови и пцовки и се караше со судијката. За разлика од рочиштата каде е најгласен, во затворската ќелија, МКД.МК, пишува дека е мирен и сам.
Не сака да има цимер и не јаде од затворската храна. Јадење на Зекај два пати во неделата му се носи од ресторан, а му стасуваат и пакети со храна. И на прошетките на воздух еднаш во текот на денот на шеталиште е сам. Друштво му прави само еден затворски чувар, пренесува МКД.Мк.
Во јавноста во текот на постапката стана познат по реченицата „Господ да ја благослови Америка” која често и гласно знаеше да ја повтори, а на последното рочиште рече дека Македонците се избеглици. Членовите на Кумановската група не и дозволија на судијката да зборува на македонски и побараа да зборува Албански. Сега повторно е актуелен со објавените „бомби“ на Ел Чека кој се закани на Заев.
Неправосилно осудениот Зекај, како и останатите од „Диво Насеље“ ја чекаат одлуката на второстепениот суд за изречените казни за тероризам.