Македонија 16. декември 2019. / 12:11

Жбогар: За ветинг во судството потребен е политички консензус

Жбогар: За ветинг во судството потребен е политички консензус

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ветинг во судството е последна опција која треба да и се случи на Македонија.

– Нашата позиција за ветингот е јасна. Мислам дека повеќе сакаме да ги користме сите други елементи за подобрување на состојбите во судството, одосно тоа да ги искористи внатрешните механизми. Ние ќе дадеме поддршка. Следната година имаме проект за мониторинг на случаите од висока корупција и се надевам дека ова ќе го подбри функионирањето на судството. Ветингот секогаш е последната опција и за тоа треба предуслови, како што е политички консензус. Не гледаме причина за тоа. Сепак, одлуката е на самата земја, а ова е наш став“, рече амбасадорот Жбога