Македонија 13. мај 2019. / 15:07

Жбогар на средба со Сиљановска: Се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ

Жбогар на средба со Сиљановска: Се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Самуел Жбогар денеска, по средбата со новиот претседател Стево Пендаровски, се сретна и со Гордана Сиљановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Сиљановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел, напиша Жбогар на официјалниот Твитер профил за средбата со Сиљановска.