Во интервју за 360 степени евроамбасадорот Самуел Жбогар вели дека она што најмногу го разочарало во минатите 4 години мандат е вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет но и начинот на кој граѓаните го разбираат принципот на владеење на правото.
Разочараноста во делот на владеењето на правото не се однесува само на разочарувањето од специјалната обвинителка. Разочарувањето оди понатаму – како граѓаните овде го перципираат владеењето на правото. Владеењето на правото не се само судовите, владеењето на правото е да не пушите во ресторани ако тоа не е дозволено, владеење на право е да не паркирате на улица каде сакате… Тоа е разочарувачки за мене, кога ќе видам автомобили паркирани на велосипедски патеки тоа е владеење на право и затоа би рекол дека тоа е најголемото разочарување. Разбирањето за тоа што е владеење на право, менталитетот, истакна Жбогар.