Македонија 23. јануари 2019. / 16:03

Жбогар: Изборите ќе влијаат врз датумот на отпочнување на преговорите со ЕУ

Жбогар: Изборите ќе влијаат врз датумот на отпочнување на преговорите со ЕУ

Евоамбасадорот Самуел Жбогар смета дека претседателските избори ќе ги забават реформите, ќе се изгубат неколку месеци, а државата ќе се најде во статус кво ситуација што може да влијае на исполнувањето на задачите и отворање на патот кон отпочнување на преговорите, пренесе Телма.

Жбогар пред членовите на Комисијата за европски прашања порача дека Собранието во изминатиот период завршило голема работа во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа, а сега на ред е изборот на Антикорупциската комисија затоа што без неа не може да се одржат изборите.

– Пред вас има предизвикувачки период со претседателските избори што претстојат, што ќе доведе до намалување на времето што е потребно за спроведување на овие реформи, практично остануваат само два месеца пред да почне кампањата, што секако ќе ја попречи работата на Собранието. Клучниот и најтешкиот резултат секако ќе биде да се постигне еден вид на преседан во владеењето на правото и судството. Во однос на тоа беа усвоени некои закони следејќи ги препораките од ЕК, од Венецијанската комсија, од ГРЕКО, што е навистина добро, но промената на законите не е доволна да се промени однесувањето. – порача евроамбасадорот.

Претставувајќи ги приоритетите на романското претседателство, Амбасадорот Виорел Станила соопшти дека Романија ќе ја подржи позитивната одлука за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

– Западен Балкан е регион кој што претставува стратешки интерес за ЕУ, а романското претседателство ќе се насочи кон отстранување на препреките и натамошно зајакнување на меѓусебната комуникација на земјите од регионот. Интегративниот пристап на кохезија ја вклучува и Македонија и целиот регион. – рече амбасадорот Санила.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека единствениот клуч за да се отвори портата на ЕУ е да се продолжи по патот на реформите во сферите на бзебедносно разузнавачките служби, правосудниот систем, јавната администрација, борбата против корупцијата и криминалот кои беа одредени како приоритети од страна на Унијата.