Македонија 01. февруари 2019. / 12:01

Завршни зборови во Собрание – ова се новите македонски амбасадори

Завршни зборови во Собрание – ова се новите македонски амбасадори

Новите редовни и вонредни македонски амбасадори кои ќе ја претставуваат земјата во Германија, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати ќе дадат завршни зборови пред македонското Собрание, односно пред комисијата за надворешни работи пред да ги превземат новите должности, пренесе Фокукс.

Оливер Крлиу ќе биде редовен амбасадор на Македонија во Мадрид, а вонредни ополномоштени амбасадори се Игор Џундев, како постојан претставник во меѓународните организации во Виена. Горан Стевчевски во Унгарија, Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска во Словенија, Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.

Дипломатите ќе треба да ги изнесат своите тези за завршни разговори пред заминување на должностите.