Македонија 13. април 2020. / 16:20

Заврши кризната сотојба во Дебар и Центар Жупа

Заврши кризната сотојба во Дебар и Центар Жупа

Од денеска завршува кризната состојба во општините Дебар и Центар Жупа и во овие општини ќе важат мерките што важат за цела Македонија.

Како што истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба придонела во последните 10 дена да нема нови случаи на заразени лица со корона вирус.

 Од вкупно 49 потврдени пациенти со Ковид-19, четворица се починати, а 16 се излечени. За осуммина се чекаат резултатите од второто тестирање, а 29 пациенти се на домашно лекување.

Медицинските лица, како локалните, така и тие дојдени на испомош од другите делови на државата ја заслужуваат најголемата благодарност и пофалба за се што направиле и прават за граѓаните на Дебар и Центар Жупа. Јавно би ги пофалил локалните власти предводени од градоначалникот на град Дебар, Хекуран Дука, инаку по професија доктор, кои, во тесна соработка со подрачните единици на централните институции, цело време беа максимално ангажирани за ефикасно справување со ситуацијата. Преку Општинскиот кризен штаб и максималната поддршка на постојаниот штаб на подрачната единица на Центарот за управување со кризи, секојдневно бевме информирани за се што се случуваше. Најголема честитка заслужуваат граѓаните на Дебар и Центар Жупа кои максимално се придржуваа до сите мерки донесени од страна на институциите на системот. Нивното трпение и високата граѓанска свест, придонесоа да имаме релативно и компаративно мал број на заразени и починати – истакна Буџаку.