Македонија 03. септември 2020. / 16:23

Заврши испитувањето, Ахмети се враќа во Македонија

Заврши испитувањето, Ахмети се враќа во Македонија

Денес, околу 16 часот, се очекува да заврши вториот ден од испитувањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети со специјалните обвинители во Приштина, после тоа Ахмети ќе се врати во Македонија, изјави Артан Груби за ТВ21.

Според косовските медиуми, како и некои меѓународни медиуми, Ахмети е повикан од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, како сведок, како еден од припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од нејзиното формирање и учесник активен во војната на Косово во периодот 1998-99 година.