Македонија 28. септември 2019. / 20:16

Затворските полицајци кои веќе го завршиле работниот век се уште не може да заминат во пензија

Затворските полицајци кои веќе го завршиле работниот век се уште не може да заминат во пензија

Продолжува голготата на затворските полицајци кои ги имаат исполнето условите за пензија. И пет месеци од носењето на новиот Закон за извршување на санкции, полицајците кои веќе го завршиле својот работен век, не може да заминат во пензија, пренесува Алсат.

Во текстот на Законот не е ставен коефициентот по кој ќе се одредува висината на пензијата која треба да ја добиваат идните пензионери. Ветувањата на надлежните беа дека веднаш по враќањето од годишните одмори, пратениците ќе изгласаат измени на Законот и на почетокот од овој месец проблемот ќе биде решен. Сега затворските полицајци се плашат дека до крајот на годинава нема да видат ниту денар од заработената пензија.

Зборуваме за право во оваа држава а нашето право е скратено, 35 години чесно работевме и останавме на улица да ви кажам право – изјави за Алсат Коле Ганзовски, затворски полицаец.

За својот проблем ќе го известат и премиерот Зоран Заев. А допис ќе пратат до евроамбасадорот Самуел Жбогар и до сите амбасади во земјава. Со страв за нивната иднина, дел од затворските полицајци инсистираа да не го откриваме нивниот идентитет.

Синдикатот на затворските полицајци до министерството за правда испрати и предлог измени на Законот за санкции со кои експресно би се решил проблемот. Но од таму засега нема одговор дали измените ќе бидат прифатени и вметнати во законот. Се најавуваат блокади низ главните патишта и институции во земјата, како и генерален штрајк пред владата на втори идниот месец. Доколку и тоа не даде резултат, најавуваат кампување пред собранието.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.