Апликацијата на Маркови Кули за постојаната листа на УНЕСКО не смее да трпи никакви импровизации, лични, групни или било какви други интереси. Токму затоа е потребен максимален научен пристап. Ова е ставот на експертите од Институтот за старо словенска култура од Прилеп под чија надлежност се наоѓа ова заштитено подрачје, пренесува Сител.
Без посериозен пристап на државата би можеле да пропаднат сите обиди после Охрид овој регион да биде втор од Македонија на листата на УНЕСКО.
–Мораме да имаме во предвид дека грешката во апликацијата значи дека ние за навек си ги затвораме вратите да претендираме на листата на УНЕСКО како највисок ранг во сферата на природното и културното наследство. Ако ние претендираме да бидеме еднакво вредни со охридскиот регион така треба и да се однесуваме, а не со некоја површност и неодговорност – вели за Сител, Бранислав Ристески, директор на Институтот за старо-словенска култура.
Културните добра во овој регион се доста обработени во научните трудови и тука нема да има проблем со апликацијата, но била потребна меѓународна помош околу валоризација на природното наследство на регионот за кое нема издадено многу трудови.
–Дополнително ние вршевме консултации со светски еминентни научници од сферата на природните науки и нивното мислење во сегментот на геологијата е дека сами за себе геолошките содржини не се доволен аргумент за постојаната листа на УНЕСКО туку дека мора да се аплицира како мешовито добро со нагласок на културните содржини – додаде Ристески.
Инаку на Мрковите Кули финишираше проектот вреден 100.000 долари, финансиран од ЕУ, а реализиран од УНДП чија основна цел беше поголема афирмација на просторот кај туристите. Се поставија патокази, инфо табли и се уреди патот.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.