Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција истакна дека во моментов не се размислува за воведување карантин 14 дена, но дека, сепак, државата е подготвена да воведе и поригорозни мерки доколку се укаже потреба за тоа.
Според Филипче, засега нема најава дека статистиките ќе поминат во некаква позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти.
– Сметаме дека овие мерки се доволни, целосно ограничен викенд, разграничување на двете старосни групи и согласно тие резулати сме подготвени да интервенираме со други мерки – изјави министерот Филипче.