Доктор Арбен Аголи од Дебар, кој во вторникот објави дека е позитивен на Ковид-19, бил просутен на Централното собрание на Алијансата за Албанците кое се одржа минатата среда.
Како што доктор Аголи вели за „Плусинфо“, на состанокот не се поздравил со никого и седел во последниот ред, далеку од другите.
Високи членови од партиското раководство за медиумот потврдија дека деновиве биле тестирани повеќе луѓе кои на состанокот седеле во близина на заразениот лекар, но за среќа, додаваат тие, резултатите се негативни.
Инаку, доктор Аголи претходно изјави дека се сомнева оти корона вирусот го префатил на 7 март кога негов колега прегледувал дете чии родители биле со него, а кои биле во контакт со роднини на веќе заразени сопружници од Дебар. Токму тој ден, истакна Аголи, колегата не носел заштитна маска и ракавици.