Македонија 11. септември 2020. / 19:48

Заразена со Ковид-19 е негувателка од градинка!

Заразена со Ковид-19 е негувателка од градинка!

По спроведеното епидемиолошко истражување, за пет деца од градинката, три воспитувачки и две негувателки ќе бидат во домашна изолација.

Денеска како позитивна на ковид-19 е регистрирана една негувателка во битолска детска градинка.

По спроведеното епидемиолошко истражување, за пет деца од градинката, три воспитувачки и две негувателки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице, објави Телма.

Денеска во Битола се регистрирани 4 новозаболени, на возраст од 54 до 65 години, а само едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице.