Трендот продолжува и оваа година-идните средношколци повеќе сакаат да учат во гимназија отколку во стручно средно училиште. Тоа го потврдуваат и бројките.
До 12 часот, само во гимназијата Орце Николов се пријавиле над 320 кандидати, за 285 слободни места. Од гимназијата велат дека ако има силна конкуренција, елиминација ќе се врши по пат на квалификационен испит.
„320 да се пријават не е малку и уште се пријавуваат и конечната бројка ќе ја знаеме на крајот.“ – вели Сергеј Дамовски-наставник.
Анкетираните полуматуранти велат дека со овој избор им се отвараат повеќе опции за да го продолжат своето факултетско образование.
Иако пред извесен период Министерството за образование и наука најави отварање на математичка гимназија, која треба да почне со настава во септемви, се уште нема информации дали ќе се отвори до полетокот на учебната година. Од министерството на ист став. Велатсѐ уште нема детали за локацијата каде ќе се гради.
За учебната 2018/019 година за гимназиско образование се предвидени 10.985 места, додека за средно стручно има 24.358 слободни места. Резултатите од првото пријавување ќе бидат објавени на 20 јуни.