Од вечерва во 21 часот во земјава на сила стапи полицискиот час. Забрането е движењето на граѓаните до 06 часот секој ден.
Со полицискиот час нема да бидат опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени.
Исто така, полицискиот час нема да се однесува на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно-загрозувачка состојба, лица кои одат на дијализа исклучиво во придружба на најмногу две лица.
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, посети еден од контролните пунктови во Чаир.
-Време во кое ништо не е исто. Мораме сите заедно да допринесеме максимално за да успееме да се справиме со корона вирусот. Да се надеваме само да бидеме сите дисциплинирани и ова да трае што е можно пократко, порача Спасовски.