Македонија 19. април 2018. / 12:03

Започна Генералното собрание на SEPCA во Охрид

Започна Генералното собрание на SEPCA во Охрид

Во Охрид започна Генералното собрание на Асоцијацијата на Шефови на полициски служби на Југоисточна Европа (SEPCA). Свое обраќање пред присутните имаше Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски.

– Првото Генерално собрание во рамки на претседавањето со SEPCA на Република Македонија го замисливме како појдовна основа за промовирање на мисијата на Асоцијацијата за континуиран развој, интеграција и имплементација на стратегиите и процедурите за полициско работење во регионот. Професионалниот развој на полицијата во регионот зависи, пред се, од ефикасноста на мерките за спречување и борба против прекуграничниот организиран криминал и развивање на регионалните партнерства меѓу полицијата и заедниците, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.

SEPCA е асоцијација на шефови на полиции во Југоисточна Европа и работи на зајакнување на полициската соработка, не само во регионот, туку и пошироко, особено во делот на размена на информации и податоци со цел успешна реализација на заедничките активности во борбата против транс-граничниот криминал.