Македонија 20. јуни 2018. / 07:43

Запален договорот со Грција

Запален договорот со Грција

Додека во Собранието траеше седницата за ратификација на договорот со Грција, граѓаните кои денеска протестираа пред Собранието во знак на револт запалија копија од договорот.

По говорот пред Парламентот, демонстрантите се упатија кон седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но застанаа кај канцеларијата на претседателот Иванов за да му изразат поддршка за неговиот став дека нема да поддржи договор, кој го нарече штетен за државата.

Кога демонстрантите пристигнаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, побараа од партијата да го напушти Собранието и да им се придружи на демонстрантите на улица.

По инсистирањето од страна на демонстрантите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со Олумчев и го информирал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата по ова прашање.

Од плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите повторно се вратија пред Парламентот за да продолжат со протестот.