Македонија 09. јули 2020. / 11:01

Жан Митрев: Со прочистување на крвта се излечени 25 пациенти со Ковид-19 кои биле во тешка состојба

Жан Митрев: Со прочистување на крвта се излечени 25 пациенти со Ковид-19 кои биле во тешка состојба

Со примена на еден нов концепт на прочистување на крвта, хемофилтрација, досега во клиниката „Жан Митрев” се излечени 25 пациенти кои биле во тешка состојба, пишува expres.mk.

Доктор Жан Митрев вели дека на неговата клиника веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега дава одлични резултати.

„Сите примени пациенти беа со изразени симптоми на ковид инфекција. Нашиот концепт на лекување подразбира прво следење на инфективните параметри, го одредуваме инфламаторниот индекс на тој пациент и одиме на хемофилтрација прочистување на крвта за 24 или 48 часа, а за некои пациенти во тешка состојба прочистувањето трае и подолго.

Досега се третирани 25 пациенти со индикација да се стават на респиратор, што со примена на овој метод го избегнавме. Повеќе од половината од пациентите се веќе дома, а другите се во фаза на опоравување.

Оваа техника на која ние пристапуваме дава одлични резултати, резултатите се евиденти… за оваа метода наскоро ќе објавиме и по познатите зветски научни портали“, вели д-р Митрев.