Македонија 12. септември 2020. / 18:42

Жан Митрев со нова трогателна изјава за неговиот син

Жан Митрев со нова трогателна изјава за неговиот син

Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар – вака пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло Филан Митрев, објаснил зошто тргнал по погрешен пат, пренесува Сител.

Судењето кое е во тек ја привлече македонскта јавност откако германските власти објавиа дека татко на момчето кое подготвувало самоубиствен напад е сопственик на кардиохирургија во Макеонија. Германските медиуми кои пренесуваат детали од судењето пишуваат дека Филан навел оти бил наивен, имал среќно детство и никогаш не бил удрен од родителите.

Неговиот татко, кардиохирургот Жан Митрев, за Сител вели дека Филан живеел во Германија и до пред неколку години одржувал контакт со него. Смета дека избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот, вели Митрев.

Филан Митрев е обвинет за тероризам откако во ноември лани со уште двајца осомничени биле откриени дека подготвуваат самоубиствен напад во угостителски објект.

Според германиските медиуми, Филан пред неколку години ја променил верата и сега е дел од радикалниот ислам и припадник на џихадистите.

Тој и претходно се соочил со германскиот правосуден систем кој му пресудил две и пол годишна затворска казна за изнуда и физички напад.