Македонија 11. септември 2020. / 21:23

Жан Митрев демантира: ИСИС терористот не е мојот син!

Жан Митрев демантира: ИСИС терористот не е мојот син!

„Тој не е мојот син“, вели Жан Митрев, сопственикот на истоимената клиника, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев, лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба. објави А1он.

Во акцијата биле приведени двајца Турци (едниот 21 годишен, другиот 22 годишен), како и 24-годишниот Митрев, кој сега е првообвинет.

Над 170 полицајци, меѓу кои и специјалци биле вклучени во акцијата, а во рацијата во нивните домовибиле пронајдени документи и податоци за организацијата.

Од изјавата што сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ ја даде за „А1он“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.

Тоа не е мој син! Случајно има исто презиме како моето, изјави за А1 вчера Митрев.

Денеска, кога прашавме да ни објасни подетално, каква е неговата поврзаност со Филан Митрев, тој одговори:

„Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син!“, за подоцна да каже дека станува збор за „лажни вести“.

Целиот текст на А1он.