Македонија 23. ноември 2019. / 18:39

Заменик министерот за надворешни Жерновски: Најдов убава голема правоаголна саксија, но требаше да се адаптира за живеење на мачињата

Заменик министерот за надворешни Жерновски: Најдов убава голема правоаголна саксија, но требаше да се адаптира за живеење на мачињата

Има добри, многу добри луѓе Вчера отидов во Хубо маркет за да најдам некакво “објектче” за новите мачиња што во подрум ни ги донесе маалската убавица. Имаа убав избор на такви куќички за кучиња, но не и за нашите нови комшичиња, напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на Фејсбук,.

Сепак, најдов една убава голема правоаголна саксија, која можеше да послужи за наведената цел, но требаше да се адаптира за живење на мачињата. Во немоќ што и како да направам, му ја кажав намерата на еден од вработените и… тука започна магијата. Кога разбра дека е за симпатичните мали животинчиња, ми рече: Така и така во овој период нема многу муштерии, оставете ми мене да ја направам. Зеде различни материјали и алатки, даски, проsирна ПВЦ фолија, скалпер, штрафови и почна да го “гради” новото живеалиште. Со толку љубов, внимание, прецизност и насмевка го работеше тоа, што јас останав без зборови. На крајот, откако го заврши своето мало, но големо дело, ја однесе куќичката на каса и ми рече: Јас сум Никола. Ова е од мене, вие платете само за материјалите. И си замина, повторно со насмевка… оставајќи кај мене огромна среќа и задоволство што постојат меѓу нас вакви прекрасни ЛУЃЕ! Животот е убав, зарем не?P.S. Такото на малите мачиња е нашиот мачор Брат. Значи, ќе даваме мекици…