Македонија 18. април 2020. / 17:24

Заменик – директорот на кумановската болница позитивен на Ковид-19

Заменик – директорот на кумановската болница позитивен на Ковид-19

Заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи преку објава на неговиот  „Фејсбук“ профил информира дека е позитивен на коронавирусот.

Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

– По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен, пишува Исуфи.

Тој, воедно, апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, секој од нас е одговорен за последиците.