Отец Ивица Тодоров испрати отворено писмо до пратениците на Собранието на РМ во однос на некои аспекти поврзани со ЗАКОНОТ ЗА НЕДИСКРИМИНАЦИЈА преку кои се отвара процесот за озаконување на ИСТОПОЛОВИ „БРАКОВИ“, можност на истите да посвојуваат деца и воведување на голема врата на родовата/ џендер идеологија во нашето општество!
Ова отворено писмо беше прочитано на средбата за ЗДРУЖУВАЊЕ на невладини здруженија, движења и поединци за промоција и заштита на вистинските брачни и семејни вредности! 6 март 2019 година во свечената сала на хотел „Континентал“ – Скопје
Во Собранието на Република Македонија од страна на Владата на Република Македонија, доставен е Предлог на Закон за спречување и заштита од дискриминација.
Се предлага измена на чл. 14 од постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, со кој се менува членот 14 од постоечкиот закон, односно точката 6 во која е наведено дека:
„нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот, вонбрачната заедница и семејството исклучиво како заедница на спротивни полови, односно на еден маж и на една жена.“
Во суштина тоа значи дека бракот, вонбрачната заедница и семејството не мора да бидат разбрани како заедница на спротивни полови, односно на еден маж и на една жена.
Вака предложената измена е во спротивност на Уставот на Р. Македонија и на постоечкиот правен поредок на нашата држава:
1. Согласно чл. 40 од Уставот на Република Македонија пропишано е дека
„Републиката мора да обезбеди посебна грижа на заштита на семејството, а сите правни односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.
2. Во чл. 6 од Законот за семејство (пречистен текст на Сл. Весник на РМ бр. 153/2014) е пропишано:
„БРАКОТ Е СО ЗАКОН УРЕДЕНА ЗАЕДНИЦА НА ЖИВОТ НА МАЖ И ЖЕНА“
Во чл. 15 од истиот Закон е пропишано:
„БРАК МОЖЕ ДА СКЛУЧАТ ДВЕ ЛИЦА ОД РАЗЛИЧЕН ПОЛ СО СЛОБОДНО ИЗРАЗЕНА ВОЛЈА ПРЕД НАДЛЕЖЕН ОРГАН НА НАЧИН ОПРЕДЕЛЕН СО ОВОЈ ЗАКОН.“ПОВЕЌЕ ОД ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ПРЕДЛОЖЕНАТА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Е ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И СО ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕЈСТВО!
Почитувани пратеници,
без разлика на Вашата политичка, верска, етничка и полова припадност, Вие сте припадници на некое семејство во кое сте родени од заедница на живот помеѓу маж и жена.
Семејството во секое општество претставува основна клетка – матична заедница кое ја има и една од основните функции ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА ЧОВЕШТВОТО, ОДНОСНО ДА СЕ РАЃААТ, ОДГЛЕДУВААТ и ВОСПИТУВААТ ДЕЦА.
Како резултат на оваа репродуктивна функција, сме успеале да се одржиме како човечки род.Предложената измена на Законот за спречување и заштита од дискриминација не значи ништо друго туку започнување на ПРОЦЕС за ПРИЗНАВАЊЕ НА ИСТОПОЛОВИ „БРАКОВИ“.
Најпрво ова се сметаше како став на Европската Унија и некои го прокламираа дека тоа е еден од условите за влез во Европската Унија.
Ваквите ставови се НЕТОЧНИ!
Истите не значат ништо друго освен обид за рушење на бракот како уредена заедница на живот на маж и жена, и преку тоа рушење не само на Уставниот, правниот поредок, меѓународното право, туку и рушење на моралните, обичајните норми и традицијата, а и верските вистини на огромен процент од нашите сограѓани како христијани, така и муслимани!
Европскиот суд за човекови права има донесено одлука со која ЕВРОПСКОТО ПРАВО не ги смета ИСТОПОЛОВИТЕ „БРАКОВИ“ ЗА ЧОВЕКОВО ПРАВО И ИСТОПОЛОВИТЕ ЗАЕДНИЦИ НЕ СЕ СМЕТААТ ИСТО КАКО БРАКОТ ПОМЕЃУ МАЖ И ЖЕНА.
Наша обврска како луѓе, како одговорни граѓани на Македонија, како претставници на нашите верски заедници е да се спротивставиме и да го подигнеме нашиот глас против ваквите измени на Законот коишто водат до изопаченост, до степен на пројава на перверзна, патолошка и танатофилична идеологија!
Освен како пратеници, Вие како мајки и жени, како извор и носители на живот треба да се спротивставите на донесувањето на ваквиот закон, затоа што со него се понижуваат не само правните, туку и традиционалните, обичајните и верски вредности и вистини.
Ако го прифатиме – лесно и без борба – сето она што лажно ни се пропагира дека ни се „наметнува“,тогаш бидете сигурни дека отпосле ќе ги почувствуваме тешките и разорни последици на нашата сегашна млакост, рамнодушност и незаинтересираност!
Со предложените измени се врши напад врз животоизворната и животоодржувачката институцијата БРАК, но и разнебитување на семејството такво какво што тоа е и треба да остане! Се уриваат вековните семејни, духовни и морални вредности!
Сакаме да ве потсетиме дека сите ние – без исклучок – имаме освен морална, така и општествена одговорност да ги зачуваме темелите на традиционалното семејството, да ги зачуваме темелите на БРАКОТ – како најблиска и најсвета врска на земјата.
Во бракот е коренот на секое човечко општество и затоа апелираме на вашата свест и совест и ве повикуваме да донесете разумна одлука:
ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ РАЗНЕБИТИ БРАКОТ И ТРАДИЦИОНАЛНОТО СЕМЕЈСТВО, ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА ПРЕСУШИ КОРЕНОТ НА ДРВОТО НА ЖИВОТОТ.
Тоа е истовремено наш свет долг кон нашите претци, но уште повеќе, тоа е наша света обврска кон нашите идни поколенија.Сега, како граѓани, како претставници на верските заедници и ваши избирачи Ве молиме, а доколку оваа молба не биде разгледана и праведно решена за доброто на сите, тогаш на следните избори сериозно ќе размислиме кој ќе го добие нашиот избор/ глас и овластување за во нашиот заеднички Дом на демократијата да ги претставувате нашите интереси, но и суштинските интереси на целото наше општество и држава!, напиша Тодоров на Фејсбук.