Законот за употреба на јазиците стигнал за проверка во Венецијанската комсија. Него, според објавата на станицата на ова меѓународно тело, го испратил премиерот Зоран Заев кој побарал мислење за целиот закон.
Владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети имаат различни мислења за тоа дали и кој дел од законот за употреба на јазиците треба да се испрати до Венецијанската комисија.
Заев и владините функцнери од СДСМ сметаа дека до Комисијата треба да биде испратен целиот закон плус дополнителните спорни членови: за парите и за амблемите на војската и полицијата. Премиерот во интервју тврдеше дека ДУИ некоректно си го препишува законот како свој и дека поради тоа има криза во владините односи.
Вицепремиерот Бујар Османи, пак, првично тврдеше дека законот не треба да биде испратен до меѓународното тело додека професорката Тања Каракамишева е негов член. Но, потоа се премисли и прифати употребата на албанскиот јазик да ја проверува Венецијанската комисија, но само за спорните членови.
И неговиот лидер Ахмети излезе со став дека во Венецијанската комисија испратен е само делот за две прашања. Лидерот на ДУИ вели дека законот е договорен со колициските партнери и за да биде поништен или укинат ќе е потребно бадентерово мнозинство.