Државната изборна комисија го заклучила викендов избирачкиот список за престојниот референдум. Право на глас на 30 септември имаат вкупно 1.806.336 избирачи. Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи.
На последните избори во земјава – локалните во во 2017 година, на гласање, во првиот круг, излегоа 1.079.876 избирачи од вкупно 1.814.644 регистрирани во избирачкиот список. Тоа значеше одѕив од 59,5 отсто.