Македонија 09. декември 2020. / 14:53

Захариева: Ова не е вето, туку неодобрување на рамката за преговори

Захариева: Ова не е вето, туку неодобрување на рамката за преговори

По денепшната средба со претставникот на амедонската влада, Владо Бучковски, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина рече дека „зборовите повеќе не се доволни, ние сакаме дела“.

Таа рече дека продолжуваат разговорите за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања меѓу двете земји, како и дека се бара „излез за патот на Македонија кон рамката за преговори за нејзино членство во ЕУ.

– Ова погрешно се нарекува вето затоа што претставува неодобрување на рамката за преговори, потенцира министерката на Бугарија.

Захариева вели дека во средиштето на бугарската позиција е неисполнувањето на Договорот од 2017 година.

– Ги предупредуваме соседите за ова веќе година и пол. Тие се неколку работи. Блокирање и политизација на работата на Коимисијата за историски и образовни прашања, административни пречки за бугарскиот бизнис, неофицијална поддршка за поединци и организации со тврдења кон македонското малцинство во Бугарија, недостаток на развој, значително одложување на Коридорот 8, вели Захариева.

Таа додаде дека во Македонија владее антибугарска кампања.

– Стана јасно до каде стигна антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија во сите организации, ширењето на фактот дека воведовме вето.
Или дека поради нас, Албанија ќе биде запрена и други невистинити работи. Секако ова не помага, но го попречува градењето доверба. Оваа стратегија е неприфатлива за нас, но исто така непродуктивна, убеден сум дека само добронамерниот пристап ќе доведе до надминување на акумулираната недоверба, обвини Захариева дека не престанува антибугарската кампања.