Во целата држава во последните 30 години се нема изградено, како што се гради во делот на инфраструктурата во овие три години, изјави вчера, меѓу другото, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при посетата на Арачиново.
Изјави и остана жив. Изгледа и него го префатил „заевизмот“, што се дефинира како кажи, излажи, негирај. Сега не е прашањето кога ќе го негира тоа што го изјавил, зашто бројките што самиот ги наведува го демантираат.
Важно, направи дистинкција меѓу суштински капитални проекти, а не капитални проекти од типот на споменици.
А, самиот вели дека очекува вториот квартал од годинава да биде завршен со околу 25% од планираните капитални инвестиции, а до крајот на градежната сезона во целост да биде реализиран голем дел од овие проекти. И тоа можел во секое време преку бројки да го докаже. Зашто, имале направено преку 500 километри водоводи и канализации, огромна реконструкција на патишта.
Во 90-тите години за време на кампањите еден од главните настани беше пуштањето селски чешми од тогашниот лидер на СДСМ и премиер, Бранко Црвенковски. Кој не верува, слободно нека ги провери печатените изданија на тогашните медиуми. Еве, Сугарески сега не пушта селска чешма во употреба, туку гради канализација во Арачиново. Време и вода стојат, Сугарески не стои. Работи човекот. И се оградува од неговите сопартијци, па не споменува 250 километри автопатишта. Зашто, ни тој нема да знае да ги каже и ќе се изрезили пред јавноста.
А, тврдењето дека за две ипол години се изградило повеќе од цели претходни 30 години е токму за во кампања. Гола вода. Кој ќе поверува добро, кој не, пак, добро. Ако реално се погледнат работите за капитални инвестиции, Сугарески нема да може да искречи толку колку што е изградено за изминатите три децении. Ниту, пак, да обележи и постави сигнализација на звтопатиштата, што му ги оставија на тацна и до ден денес не може да ги изгради.
И покрај здравствената криза задволен сум од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и согласно податоците кои ги добивам очекувам вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот на градежната сезона во целост да биде реализиран голем дел од овие проекти, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тоа во секое време преку бројки можам да го докажам. Не со паушални прозивки, туку со практични дела. Имаме направено преку 500 километри водоводи и канализации за две и пол години, огромна реконструкција на патишта. Не постои плански регион од осумте каде не се гради и не се реконструира. Зборувам за суштински капитални проекти, а не капитални проекти од типот на споменици, изјави Сугарески по увидот во изградбата на