Тргна Oхрид, ќе тргне и Струга, ако не, ќе и ги земеме надлежностите, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев од предизборниот митинг во овој град.
Ќе ги вратиме плажите во Струга онака како што е замислено со протоколите на УНЕСКО. Мора да си го сочуваме статусот во УНЕСКО бидејки, ако го изгубиме, сме изгубиле се. Ова драгоцено бисерче мора да го сочуваме, инаку што ќе им кажеме на децата? Затоа, ќе расчистиме до крај. Градот може да се организира само во согласност со УНЕСКО. Од другата страна на езерото се остранува се што е нелегално и го загрозува статусот, ќе се остранува и тука. Не се мешаме во општинската власт, но ако не се почитува тоа, ќе му ја земеме надлежноста на градоначалникот Мерко и на крај ќе му ја дадеме фактурата да ја плати, рече Заев.