Македонија 17. ноември 2020. / 22:54

Заев вели оти лично многу тешко му паднало бугарското вето

Заев вели оти лично многу тешко му паднало бугарското вето

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека ова денес што се случи во спорот со Бугарија е најголем пораз за ЕУ, но дека постојат уште отворени можности за нас до конференцијата во декември.

-Голема неправда, лично многу тешко ми падна. Сметам дека ова не е одлука на бугарскиот народ, туку дека е поради политика во пресрет на изборите во соседната земја, изјави Заев.

Тој напомена во текот на денешниот ден не се слушнал со бугарскиот премиер Бојко Борисов, но дека разговорите ќе продолжат и понатаму.

-Благодарен сум и на германската канцеларка Ангела Меркел и целата германска дипломати, што сакаат преговорите да продолжат, изјави Заев и додаде дека македонскиот идентитет не може да биде предмет на никакви преговори.