Македонија 17. ноември 2020. / 23:48

Заев: Спремни сме да потпишеме нова Декларација со Бугарија, Делчев е заеднички херој

Заев: Спремни сме да потпишеме нова Декларација со Бугарија, Делчев е заеднички херој

На вечерашното гостување на премиерот Зоран Заев истакна дека имаме заедничка историја со Бугарија, па по тоа Гоце Делчев бил заеднички херој од историјата, но и дека е спремен да потпише нова правнообврзувачка Декларација со Бугарија.

Заев повторно потврди дека Гоце Делчев бил заедничка историска личност со бугарскиот народ затоа што таму имало институции именувани по неговото име.

-Спремни сме да усвоиме Декларација која ќе биде правнообврзувачка за имплементирање на се она што е предвидено од договорот со Бугарија, појасни Заев.