Македонија 09. јули 2019. / 15:49

Заев: Притворот не смее да биде казна, господинот Миле Јанакиески има три деца

Заев: Притворот не смее да биде казна, господинот Миле Јанакиески има три деца

Апел за помош за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стигна до премиерот Зоран Заев. Еден од најблиските соработници на пребеганиот Никола Груевски, одбива храна во затворот Шутка веќе девет дена.

Новинар му постави прашање на Заев дали ќе пронајде некој начин да му помогнем на господинот Јанакиески барем да биде во домашен притвор бидејќи е нехумано тоа што му се прави.

Притворот не смее да биде казна, господинот Миле Јанакиески има три деца како што имам јас две деца и не ми е сеедно, но тоа не ми дава за право да го менувам правниот систем, да влијаам на правниот систем и да правам притисок. Може би со инвентивноста на вашето прашање ќе помогнете некако или јас преку мојот одговор, но до тука е црвената линија, одговори Заев.

Инаку на Јанакиески штрајкот со глад се состои од одбивање на затворската храна откако одново беше притворен за продажба на државни парцели на кои никогаш не никнаа најавените хотели. Тој во Шутка замина од куќен притвор кој му беше одреден откако беше обвинет дека е дел од групата која го организирала крвавиот упад во Собранието на 27 – ми Април.

Од истражниот затвор Шутка потврдуваат дека Јанакиески не ја прима затворската храна но дека добива пакети. За Алсат објаснуваат дека не може да се има целосна контрола дали Јанакиески нешто јаде или дали храна прима преку цимерот со кој дели ќелија. Јанакиески е обвинет и во неколку случаи на Специјалното обвинителство.