Македонија 29. јули 2020. / 15:49

Зачестени повици во Брза помош од заразените со коронавирус кои се на домашно лекување

Зачестени повици во Брза помош од заразените со коронавирус кои се на домашно лекување

Лекарите велат дека се позачестени се повиците до Брзата помош од лицата позитивни на Ковид-19 кои се на домашно лекување, а на кои им се влошила состојбата, објави Сител.

Имаме зголемен број на влошувања на Ковид позитивни лица кои се на домашно лекување и бараат помош од нас. Кај некои интервенираме, некои ги транспортираме до соодветните здравствени установи, вели др. Елена Пиловска од Брза Помош Скопје, за Сител.

Доктор Пиловска посочи дека влошувањето не е поради пеколните горештини и истакна дека не треба да бидат занемарени и другите болести, особено состојбите кои можат да настанат како последица на пеколните горештини