Македонија 31. мај 2020. / 22:10

Забрчанец оди во домашна самоизолација, се сретнал со Зекири

Забрчанец оди во домашна самоизолација, се сретнал со Зекири

После веста дека другарот Мухамед Зекири има позитивен Ковид-19 тест, на препорака на епидемиолозите од денес сум во домашна самоизолација, напиша Марјан Забрчанец на Фејсбук.

„Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со сооветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата.

На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување.Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас“, напиша Забрчанец.