Македонија 03. ноември 2020. / 15:32

Забрането групирање на јавен простор на повеќе од четири лица по 21 часот

Забрането групирање на јавен простор на повеќе од четири лица по 21 часот

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот со кои се скратува работното време на угостителските објекти, соопшти премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.

Освен што се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

„Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид“, објасни Заев.

Тој исто така информира дека „Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:

? Се скратува…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, November 3, 2020