Македонија 26. јануари 2021. / 10:10

Забраната за камиони на патот Маврово – Дебар е укината

Забраната за камиони на патот Маврово – Дебар е укината

Од осум часот изутринава е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, што беше воведена синоќа поради интензивни врнежи од снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на П.Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража, соопштија АМСМ и ЈП Македонијапат.