Македонија 15. декември 2020. / 14:41

Забрана за организирање на новогодишни прослави на отворен и затворен простор

Забрана за организирање на новогодишни прослави на отворен и затворен простор

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет за рестриктивни мерки и препораки за периодот од 18-ти декември во 20-ти јануари на полноќ, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Угостителските објекти ќе работат до 18:00 часот.

-Со цел да се избегне зголемувањето на бројот на новозаразени до ковид-19, мерките се однесуваат на органичување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, рече Заев.