Според министерот за здравство Венко Филипче 4000 здравствени работници се пријавиле за вакцинација.
Пријавувањето за сите останати е електронски и ќе почне од утре на сајтот на министерството за здравство.
Во план е да се вакцинираат по 880 лица дневно на пунктовите на поликлиниките и 500 лица дневно во Клинички центар.
Имунизацијата на децата кои примаат вакцини за превентива од други болести ќе се одвива одделно.