Министерството за здравство за ТВ21 информира дека преку матичните лекари пријавени се 12.652 лица за вакцинација, додека пак преку веб страница „vakcinacija.mk“ пријавени се вкупно 40.600 граѓани.
Веб страницата беше пуштена во функција пред неколку дена, а на неа може да се пријави секој граѓанин, додека пак самиот систем ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.
Освен преку веб страницата, пријавувањето може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.