Македонија 13. мај 2020. / 20:13

За три пати да се зголемат тестирањата за коронавирус бара ДУИ

За три пати да се зголемат тестирањата за коронавирус бара ДУИ

Демократската унија за интеграции, преку дебарскиот градоначалник Хекуран Дука побара за трипати да се зголемат тестирањата за новиот вирус, Ковид -19, за како што тој истакна на прес конференција, побрзо да се вратиме во нормала и да избегнеме друг бран.

Досега имаме направено 19 739 теста во Македонија, со 1 694 позитивни случаи. Дури и ако бројот на тестови во земјава се зголеми во текот на последните денови, тоа е поради тоа што ДУИ инсистира на оваа барање во Владата, и треба да продолжи со зголемување на бројот на тестови уште повеќе и веднаш. Ние треба да бидеме на врвот во регионот и меѓу најдобрите во Европа. Како идна кандидат за членка на ЕУ, веќе мора да се однесуваме како земја членка на ЕУ, или и подобро. Ова значи дека ние мора барем трипати да го зголемиме бројот на тестови по глава на жител и на неделно ниво. Како прв чекор, потребни се најмалку 500 теста на ден, а потоа бргу да се достигне бројката од 750 теста на ден, рече Дука.

Според него, тестирањето е единствениот начин да се претвори „непријателот“ во видлив и успешно да се бориме со него. Тој предлага да не се тестираат само граѓани со симптоми и оние што биле во контакт со заразени, туку редовно да се прават тестови и на репрезентативен примерок од населението за да се добие јасна слика за развојот на состојбата.

Исто така, ни требаат периодични примероци од фабриките и другите места, каде што многу луѓе работат заедно. Зголемување на тестовите базирано на сериозна стратегија е клучно во борбата против вирусот, но и за укинувањето на ограничувањата и враќањето во нормалност што е можно поскоро. Професионалното следење треба да се комбинира со хигиенски мерки и самоодговорност за да се спречи ново проширување по укинувањето на ограничувањата. Тоа е единствениот начин да ги заштитиме нашите граѓани и економијата. Никој не би имал корист од укинување на ограничувањата, доколку дојде до друго избувнување и ќе мораме повторно да затвориме сè, вели Дука.

Дебар беше прва општина којашто беше во карантин и каде се појави првиот случај на корона вирус и сега е прогласена за општина што успешно се справила со епидемијата