Веб-страницата Vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба, a за само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
„Сите пополнети апликации на страницата ќе бидат внесени во системот ‘Мој термин’ и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Во согласност со распоредот предвиден во планот за вакцинација матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот што ќе го изберете при регистрацијата“, објаснува Филипче во објавата.
Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000…
Posted by Венко Филипче on Wednesday, February 10, 2021
Министерот нагласува дека во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години.
„Сите други што се регистрирале ќе бидат контактирани од матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање во согласност со националната стратегија“, посочува Филипче, кој додава дека вакцинирањето е доброволно, но е единствениот начин за да го победиме вирусот.