Македонија 16. јуни 2020. / 14:55

За новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху коронавирусот постои и повика на почитување на мерките

За новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху коронавирусот постои и повика на почитување на мерките

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху, на денешната прес-конференција рече дека коронавирусот постои и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките.

Коронавирусот е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки“, рече Фетаху.