Нацрт-амандманите на Устaвот се веќе пристигнати во Собранието. Пленарната седница на која ќе бидат разгледани нацрт-амандаманите претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 1 декември додека седницата на Комисијата за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември.
Според Деловникот претресот во Комисијата за уставни прашања и во Законодавно–правната комисија може да трае најмногу три работни дена по нацрт-текстот на секој амандман одделно, по што Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 61 глас, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно. Откако Собранието ќе го утврди текстот на нацрт-амандамните, се отвора јавна дискусија.
До Собранието се доставени 4 нацрт амандамни за Преамбулата и за Уставот.
Ова е втора фаза од процесот за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа и треба да заврши со гласање на Парламентот за што е потребен 61 глас.