Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје им го продолжи притворот на обвинетите во предметот „Империја“ на СЈО, пишува Макфакс.
Како што потврдија од судот за „Макфакс“, постапувајќи по предлогот на Јавното специјално обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за продолжување на мерката притвор во случајот за јавноста познат како „Империја“, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот и на лицата Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски им ја продолжи мерката куќен притвор. Тие се дел од 12-те осомничени во истрагата со кодно име „Империја“.
Мирчевски е директор на контроверзната офшор-компанија „Ексико“. Панделески е директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и сопственик на „Пелистерка“, а Јосифовиќ е соработник на Камчев. Зорица Арсовска е сметководителка во неговите фирми.
СЈО ги осомничи за злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Им ја продолжи мерката куќен притвор.