Македонија 30. јули 2018. / 15:48

За Илинден, Иванов на Мечкин камен, Заев во Пелинце, Џафери во Скопје

За Илинден, Иванов на Мечкин камен, Заев во Пелинце, Џафери во Скопје

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на втори август, и оваа година ќе бидат на Мечкин камен, во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.